Скот Синклер потпиша за Манчестер Сити

Скот Синклер е второто засилување на тимот на Манчестер Сити во летниот преоден рок, откако англискиот шампион конечно успеа да постигне договор со Свонси околу висината на трансферот на брзоногиот крилен фудбалер.

Челниците на Свонси одбија неколку понуди на „Граѓаните“, за денеска и официјално да дадат зелено светло за овој трансфер откако газдите на Манчестер Сити понудија осум милиони фунти за услугите на Синклер.

Со тоа, „Граѓаните“ го освежија својот тим со уште еден млад и перспективен фудбалер, но останува впечатокот дека управата на клубот не ги доведе засилувањата што ги посакуваше Роберто Манчини.

Медиумите на „Островот“ најавуваат дека Сити до крајот на преодниот рок ќе ангажира уште двајца нови фудбалери, од кои што првиот е Даглас Маикон, десниот бек на Интер за чии услуги веќе беше испратена понуда во висина од пет милиони фунти.

- Реклама -