„Поминав покрај Диме на плоштадот. Отпрво не забележав што прави. Наликуваше како да дели од оние картички „слеп/глув“ за помош, црковни календарчиња или лажни дијагнози за собирање пари за лекар, а оддалеку можеби и како да проси.
Изгледаше сиромашко, истоштено. Близу своите 60-ти, би рекла. Онаа генерација работници кои се родиле во повоена Југославија, која на своите први деца им гарантираше сигурност, вечна работа, пензија и мирна старост. Потоа распад па нов систем кој ги остави долго на улица, гладни и безнадежни со одземено достоинство. Но Диме не се предава и вака очигледно уморен; Диме делеше хартиени картички на минувачите со својот контакт и услуги кои ги нуди.
Диме е дефинитивно рефлексија на она „како пиреј сме“. Кому му треба електричар да го бара Диме. Упорен и вреден граѓанин кој само сака да си го врати достоинството и да си го заработи лебот во ова земја која нему и на сите нас понееднакви меѓу еднаквите толку многу ни зема, а не ни го дава ни она што ни припаѓа“.
Фејсбук пост на Сашка Цветковска