Култниот Hummer H1 „Humvee“ се враќа на пазарот

Во 2006 американскиот автомобилски гигант General Motors објави дека престанува со производството на Hummer H1 – цивилната верзија на популарниот воен теренец, кој беше на пазарот цели 24 години – поради новите стандарди за емисиите на јаглерод.

Сега, сепак, компанијата на поранешниот шеф на GM, Боб Луц – VLF Automotive, говраќа култниот H1 на пазарот. Бидејки брендот Hummer сеуште е во сопственост на General Motors сепак, VLF ќе користи нова ознака Humvee C. Всушност ревитализираната офроуд икона е идеја на Humvee Export – група од петмина претприемачи и фанови на Hummer. Тие се поврзале со VLF и ја образложиле идејата која била со задоволство прифатена. Теренците би требало да се составуваат од VLF, а моторот и менувач требало ќе бидат преземени од General Motors.

– Едноставно се чуствува дека вакво нешто му недостасува на пазарот, вели претседателот на Humvee Export, Џон Костин. – Има многу луѓе кои сакаат да се забавуваат надвор од патот со брзина од 10 или 15 km/h и да ги минуваат сите пречки пред себе без никакви потешкотии.

Humvee C нема да се нуди на американскиот пазар, бидејки не ги исполнува условите. Тоа е модел произведен во мали количини од независна компанија. Гледано технички, за неа е само стопирано производството, таа продолжува да биде дел од гамата на GM. Наместо во САД, таа ќе биде понудена во Африка, Европа и Блискиот Исток, а од јануари следната година и во Кина.

Според Humvee Export, новиот C е „теренец кој светот го очекувал долго и кој комбинира неверојатно мајсторство на изработката со висока функционалност и врвни технологии.” Ревитализираниот Hummer H1 ќе се нуди во три нивоа на опременост – Bravo, Charlie и Delta. Вкупно четири мотори на GM ќе се монтираат под капакот, меѓу кои 6,5-литарски дизел V8 со 190 КС, помоќни верзии на истиот мотор со 205 и 250 КС, како и 6.2-литарски бензински V8 со 430 КС.

- Реклама -