Индија станува уште земја која ќе се откаже целосно од користењето на автомобили со мотори со внатрешно согорување и ќе премине на електрични возила.
Ова го изјави министерот за индустријата за јаглен и рудници Пиуш Гојал, според кого по 2030 година во земјата нема да се продава ниту еден автомобил со бензински или дизел мотор. Тој ја даде оваа изјава за време на годинешнава конференција на индиската индустрија во Њу Делхи. Според него, целосната транзиција на земјата кон електричните ќе биде олеснета со државни субвенции, како и од понуда на подостапни модели.
– Имаме намера да увеземе и произведеме огромно количество електрични автомобили. Тие ќе располагаат со потребните квалитети за да ги задоволат сите барања. Идејата ни е во 2030 година во Индија да не се продава ниту едно возило со бензински или дизел мотор, објасни Гојал.
Министерот додаде дека Владата треба да помогне во развојот на електрични автомобили во земјата за 2-3 години, по што пазарот сам ќе почне да расте. За овој период продадените такви возила ќе се исплатат сами и ќе почнат да им штедат пари на сопствениците. Одлуката на Индија е диктирана од постојано влошените индикатори за загадување на воздухот. Според податоците на Гринпис, годишно во земјата поради лошиот воздух умираат 2,3 милиони лица. Отприлика толку се починатите и поради употреба на цигари.