Германија: Казна од 250.000 евра за пушење на балкон?

Германката Ута Ф. е предупредена дека ќе плати казна од 250.000 евра доколку продолжи да пуши на балконот на својот стан после 20 часот.

Од 2008 година, Ута живее во мирниот дел на Берлин во населбата Hellersdorfer, а нејзиното пушење му пречи на еден од соседите. Се работи за Марсел П., кој живее во станот под неа. Цигарите очигледно му пречат толку многу, што ја тужи соседката. Во тужбата наведува дека заради ветерот кој дува од запад, во неговиот дом влегува значителна количина од чадот од цигарите на Ута.

„Не пушам многу цигари, но понекогаш палам навечер со чаша вино. Тоа го правам главно кога не можам да заспијам“, изјави Германката.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји

Сепак, судот немаше разбирање за неа, и и` нареди дека веќе не смее да пуши меѓу 20 и 6 часот наутро. Ако ја прекрши наредбата, и`се заканува казна од 250.000 евра или 6 месеци затвор.

Лани судот во Австрија донесе многу слична одлука. На тужениот му одреди дека не смее да пали цигара меѓу 8 и 10 часот наутро, потоа од 12 до 15 часот попладне, како и од 18 до 20 часот навечер. Се работи за периодот меѓу 1 мај и 31 октомври.

- Реклама -