Гумата и челикот се на спротивни страни кога станува збор за цврстина и крутост. Во принцип кога еден елемент е направен од било кои од овие два материјали, не ги менува своите карактеристики, останува непроменет.
Истражувачите од Универзитетот во Мичиген, во градот на најголемата автомобилска тројка, не мислат да ги остават работите на овој начин во иднина. Тие работат на посебен, метаматеријал кој може да менува затегнувачката површина од меко кон цврсто и обратно, кога е изложен на благо надворешно влијание.
Овој вештачки материјал може да биде употребен за специфични цели и да прави неверојатни работи кои немаат аналоген во природата. Поради посебната структура и манипулациите со неа, може да се постигне невидливост на објектите, создавање на поголеми елементи или пак за автомобилски делови, кои може истовремено да се многу јаки и цврсти, но лесни и меки.
Геометријата на новиот материјал претставува решетка од минијатурни линкови поврзани со „ламели“ и при примена на напрегнувања на ниско ниво, во форма на извртување на материјалот, дупчињата во структурата ги менуваат тополошки својства на материјалот, па го чинат или потврд, или помек, според барањата. Бидејки „ламелите“ ја враќаат првобитната структура, промената може да се прави повторно и повторно, без да се предизвикува штета на основната база.Овој материјал може да се користи кај вселенските бродови, при лансирањето да стане силен и цврст, а при враќањето на земјата да го „омекне“ слетувањето. Гумите на транспортните средства ќе можат да ја регулираат тврдоста кон различните површини на движење. Кај возилата наместо воздушните перничиња да го преземат ударот при катастрофа, самиот управувач ќе може да омекнува и да ја врши нивната улога.
Исто така за време на несреќа, многу добро е ако компонентите на возилото „омрекнат“ при што ќе ја апсорбираат многу успешно енергијата од ударот и тоа ќе ги задржува многу подобро патниците во возилото.