Mercedes-Benz подготвува сериозна офанзива во компактниот сегмент во следните три години, објавија некои медиуми, повикувајkи се на свои извори во компанијата.
На веќе постоечките А-класа, B-класа, CLA и GLA, компанијата ќе додаде уште три модели, од кои еден ќе биде долго очекуваниот прв сериски електромобил од Штутгарт, наречен EQA. Покрај него, Mercedes работи на седан верзија на А-класата и на целосно нов кросовер, кој ќе ја носи ознаката GLB. ЕQA без сомнение е најважниот проект, кој треба да започне цела нова палета (најверојатно одвоена во посебна марка) со ознака EQ. „Ќе ги додадеме овие букви во секој сегмент од компактните автомобили до големите SUV изведби“, потврди за време на автосалонот во Детроит, Јенс Тајмер, потпретседателот за маркетинг на компанијата.
Mercedes потврди уште на крајот на минатата година дека ќе инвестира 10 милијарди евра во развојот на десет нови електрични возила. Првиот од нив, EQA, ќе се најде на пазарот уште во 2019, а последниот околу 2025. Загатнати уште со концептот Generation EQ на последниот автосалонот во Париз, електричните автомобили ќе се изградат врз сосема нова флексибилна платформа која им овозможува да се монтира мотор во секоја оска. Во компактните модели сепак моторот ќе е само еден, со цел да се прошири досегот и да се намали цената. Километражата со едно полнење ќе е околу 500 km.
Фокусот на компактните модели не е изненадување, бидејки Mercedes забележа огромен раст во овие сегменти и продаде над два милиони мали автомобили за последните пет години – при тоа на клиенти, нови за брендот.