Градската управа на Мадрид планира да го забрани пристапот на сите приватни автомобили до центарот на градот, вклучувајки го и главниот булевар „Гран Виа“. Лично градоначалникот – Мануела Карма, ја откри одредбата што треба да стапи на сила во 2019 година.
Опасно зголемените нивоа на смог во декември ја натераа општината привремено да го забрани движењето за половина од приватните возила. Во текот на изминатите девет дена забраната се однесуваше за автомобилите со парни и за оние со непарни регистарски таблички. Од неа беа исклучени само електричните, хибридните, автомобилите за инвалиди и таксистите, но дури и тие беа принудени да ја почитуваат максимална брзина од 30 km/h. Мадрид, во кој се движат над 1.8 милиони автомобили, одамна страда од постојан смог, кој се влошува во потоплите зимски денови. Кармен се закани дека забраната ќе се активира секогаш кога нивото на азотни соединенија во воздухот ќе надмине 200 микрограми на кубен метар.
Општината на Мадрид започна и со голема програма за замена на постојниот градски транспорт со електрични автобуси. До 2019 по улиците треба да се движат над 2.000 електрични автобуси.
„Прашањето за здравјето на луѓето е поважно од она за слободно движење по улиците”, коментира заменик -градоначалникот Марта Игерас.
Освен тоа, властите подготвуваат целосна забрана за дизел автомобили на територијата на главниот град, која ќе почне од 2025 година.