Пукањето петарди им го скратува животот на животните

­

Ако немате мачка да ви го каже тоа, ќе ви го каже ветеринарот Владимир Јовановиќ од Јагодина. Во Јагодина има зоолошка градина. Во Јагодина има и петарди. Затоа ветеринарот ги повика граѓаните да не фрлаат петарди во близина на зоолошката градина, бидејќи, како што вели, детонациите можат да предизвикаат срцев удар кај животните, па и смрт.

„Детонациите на петарди и други пиротехнички средства може да ги преплаши и сериозно да ги повреди животните, но и да доведе до срцев удар и смрт“, истакнува Јовановиќ.

Објаснува дека пукотниците на петарди се опасни и за домашните и за дивите животни, но посебно за вториве, бидејќи секој звук на кој не се навикнати во своето опкружување предизвикува сериозна вознемиреност која може да биде фатална по животот на животното.

Јовановиќ повикува пред да фрлаат петарди, луѓето да помислат на своите и на миленичињата на другите, но и на уличните кучиња и мачки.

 

- Реклама -