Зошто САД се држава, а Европска Унија не е?

Европската Унија не е посебна земја т.е. држава. Ама можеш (не ако си Македонец) да одиш од земја во земја во ЕУ без да минуваш низ миграционо, можеш да работиш во друга земја без некаква специјална виза, и да ја користиш истата валута низ цела ЕУ. Земјите што ја сочинуваат ЕУ се како земјите што ги сочинуваат САД. А сепак, Европската Унија не е сметана за држава, додека САД дефинитивно се. Е како така?

Real Life Lore и Wendover Productions здружија сили со цел да се обидат да ја воочат разликата и да одредат што всушност дефинира една земја. Основните критериуми кои дефинираат една суверена држава се: постојана популација, дефинирана територија, влада и капацитет да се биде во односи со други држави.

САД се интересен случај и зашто под своја контрола имаат територии и надвор од Америка (континентите), а во рамките на своите граници од друга страна имаат територии кои воопшто не ги контролираат. Мапата на САД, на пример, би била прошарана со многу дупки ако се обележат сите индијански резервати. Згора на сето ова, факт што сугерира дека САД не би требало да бидат држава е и тоа што поединечните држави можат да прогласуваат нешта за легални дури и кога федералната влада ги смета за илегални (марихуана, меѓу другото). И сепак, САД се држава.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Европската Унија, од друга страна, го исполнува речиси секој услов да биде суверена држава, ама не е, зашто никој не ја препознава и признава како таква. Во суштина можеш да ги исполнуваш сите параметри за сувереност, но вистинскиот суверенитет на една земја доаѓа од тоа колку други суверени земји го препознаваат нејзиниот суверенитет.

Со други зборови, случајов со ЕУ и САД – во кои едните се држава, а другите не се – може да се опише како еден голем хаос што им е заштитен знак само на луѓето. Во суштина државите функционираат како држави само кога сите веруваат во замислените линии што ги цртаме меѓу нив и ги нарекуваме „граници“, за кои веруваме дека всушност значат нешто. И така, колку и да се слични ЕУ и САД, никој не смета дека линиите на ЕУ исцртуваат реална држава. Ете го човечкиот колективен хаотичен ум на дело – едните линии важат, другите не.

 виа Sploid

- Реклама -