BMW со футуристички интерфејс – HoloActive Touch

bmw

BMW објави дека за време на специјализираниот саем за електроника CES 2017, што ќе се одржи следниот месец во Лас Вегас, ќе претстави неколку нови технолошки концепти за иднината.

Еден од новите системи кои ќе го претстават од BMW е футуристички HoloActive Touch која демонстрира нов начин на интеракција помеѓу возачот и вградениот состав со помош на специјален интерфејс. Иновативниот концепт користи форма на виртуелен екран чувствителен на допир, а управувањето на истиот се остварува преку гестови.

Системот BMW HoloActive Touch кој е дел од развојната програма BMW i Inside Future, ja комбинира во себе удобностa на веќе добро познатите стандардни модели на баварската марка, проекциони (head-up) екрани, препознавање и команди преку гестови и директна интеракција со вградениот систем. За прв пат во овој технолошки развој е можна функционалност, вклучувајки и на BMW Connected, да биде употребен без реално да има физички контакт со површината.

Автоплус

- Реклама -