Само пред неколку месеци бизнис изданијата во светот соопштија за преговори меѓу Apple и McLaren, а прогнозата им беше дека американскиот технолошки гигант се подготвува да ја купи британската компанија и така да влезе во светот на автомобилите.
Веќе е познато дека во Apple го стопираше својот проект за електромобил, но со технологијата на McLaren работите би изгледале малку поинаку. Се претпоставува дека евентуална понуда на Apple за McLaren ќе биде можност за развој на системи директно во најпрофитабилниот сегмент на пазарот, кој има и најголем потенцијал за развој. Не, овој пат не станува збор за кросовери или SUV модели, туку за инвестиција во електричните спортски автомобили.
Во McLaren се познати по своите спортски модели и компанијата исклучително брзо успеа да се наметне како ривал на Ferrari и Porsche, а Apple располага со доволно средства за финансирање на британската компанија која е напред и во развојот на хибридните технологии. Се претпоставува дека еден од акционерите во McLaren, Рон Денис, се спротивстави на Унијата со Apple, па затоа ја загуби битката за власт во McLaren Group, а со неа и функцијата на извршен директор на компанијата. Засега нема да има промени во McLaren Automotive. Претседателот на McLaren Automotive Мајк Флуит потврди за разговори со Apple, но потенцира дека тие биле прилично неврзани, без ниту една од страните да презема какви и да е обврски.
– Прво, немало предлог од страна на Apple за купување на McLaren – категорично изјави Флуит, но во интерес на вистината на ист начин пред неколку месеци од McLaren демантираа за каков и да е контакт со Apple. – Претставниците на Apple не посетија и разговаравме. Тие ни образложија на кои нови технологии работат, а ние им раскажавме што правиме во моментов. Не дојде до никаква конкретна понуда.
Разделбата на Денис со McLaren се поврзува и со тоа што тој не успеа да откупи дел од акциите на другите акционери – Mumtalakat и Мансур Ојех кои држат уште 75% во компанијата. Денис најде кинески конзорциум, кој предложи две милијарди долари за McLaren Group, но понудата беше одбиена.