Се продава: Лимузината на Тито

tito2

Британскиот дилер на класични автомобили Tom Hartley објави дека се продава Mercedes-Benz 600 Pullman Laundelet со шест врати, со кој меѓу 1971 и 1980 година се „возеше“ југословенскиот претседател  Јосип Броз Тито.

Од моделот се произведени 59 примероци, со каросерија ландолет со мек покрив во задниот дел, а од нив само 9 имаат шест врати. Лимузината на Тито е опремена со 6.3-литарски V8 со моќност од 250 КС и четиристепен автоматски менувач. Возилото има изминато само 27.378 километри.

Автомобилот доаѓа со хромирани држачи за знамињата на Југославија и комплетна документација со каталог на резервни делови. Во потпирачот на задното седиште се вградени електричен апарат за бричење, шишенца со колонска вода, парфем, а во задниот дел има мини бар, мини биро, потсетник, посебно радио…

Според сајтот AutoTrader автомобилот на Тито чини 2.500.000 фунти.

Автоплус

- Реклама -