Револуцијата на Доналд Трамп во два твита

4a3d59bb81d943f86ba286269b9faee4[1]

Трамп малку како да го снема од Твитер, ама еве, го искористи вторничкото утро за да се врати и веднаш да ги изнервира Американците со навидум сосема безопасен, дури и позитивен став. Ние во тоа видовме лекција.

Значи вака, денес Трамп го пофали Изборниот колеџ:

„Изборниот колеџ е всушност генијален, зашто ги вклучува сите држави, вклучувајќи ги и оние малите, во играта. Водењето кампања е многу поразлично!“.

Да, навидум ништо лошо овде. Но…

Прво малку бекграунд за тие што не се баш начисто како функционираат изборите во САД:

Американското претседателство не се бира директно преку гласачи: наместо тоа, тие имаат „електори“ – тоа се луѓе кои се изгласани од американските граѓани за да гласаат во изборите.

Колку повеќе жители во една држава, толку повеќе електори има областа. Вкупно има 538 електори, кои заедно со 435-те членови на Конгресот и 100-те сенатори (плус три дополнителни електори од Колумбија Дистрикт) гласаат за претседател.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Значи, Трамп победи на изборите благодарение на Изборниот колеџ, а не на мнозинството гласови (кое го доби Клинтон).

Па така, сосема е логично Трамп да е благодарен за системот на Изборен колеџ, така? Па да, ако Трамп немаше твитано и порано на темата. Еве твит од 2012 година:

„Изборниот колеџ е катастрофа за демократијата.“

Еве уште неколку од порано:

Cw4JdFdXUAA6-tO[1]

Примериве чисто за да дефинираме што е разликата меѓу политичар/бизнисмен (во душа) и обични смртници како јас и ти:

Што ќе направевме ние? Во најдобар случај ќе се обидевме да ја реализираме таа „револуција“ преку граѓански активизам (па уште и ако имавме пари и моќ за голема кампања, како Трамп)…

Што направи Трамп? Ја искористи истата таа „травестија“ против која повикуваше на револуција, за да стане претседател.

- Реклама -