Од 2019 година па натаму сите модели на Ferrari ќе се придвижуваат со хибридни системи, објави извршниот директор на компанијата, Серџо Маркионе. Ова е единствениот начин Италијанците да ги исполнат целите од над 10.000 продажби годишно.
Производителот на супер спортски изданија ја зголемува продажбата веќе седма година по ред и во 2016, според прогнозите ќе достави над 8 000 возила. За да ја мине границата од 10.00 единици, компанијата ќе мора да ги задоволи се построгите европски регулативи за средни емисии на гасови, кои во моментов не може да ги покрие. Затоа претстојат „фундаментални промени“ во производството на Ferrari, истакна Маркионе. Покрај постојните хибридни технологии, компанијата планира развој на погони со комбинација на внатрешно согорување и електрична енергија, што повеќето аналитичари го толкуваат како знак дека Италијанците подготвуваат и Plug-in хибриди. Ferrari веќе има хибридни модели, како на пример претставената во Париз во октомври, LaFerrari Aperta – со 6-литарски V12, 120 kW електромотор и цена од 2 милиони долари.
Пред една година Маркионе беше иницијаторот за отцепувањето на Ferrari од досегашната матична компанија Fiat-Chrysler (што му донесе лична добивка од над 10 милиони долари во рок од една недела). Тогаш тој најави дека развојот на брендот бара таа да се претвори од производител на автомобили во компанија за суперлуксузна стока. Но, во последното обраќање извршниот директор прецизира дека засега фокусот останува првенствено врз автомобилите.
Маркионе со задоволств ги апострофира неочекувано добрите резултати за третиот квартал од годинава. Приходите на компанијата се зголемија за 8% и профитот без даноци веројатно ќе надмине 850 милиони евра, наместо поставените во прелиминарните предвидувања 800 милиони.