Pussy Riot осудени на 2 години затвор за протест против Путин

Членовите на панк бендот Pussy Riot биле обвинети за хулиганизам мотивиран од религиозна омраза и осудени на две години во затворска колонија.

Казната на Мариа Аљукина (24), Надежда Толоконикова (22), и Јекатерина Самутсевич (29), им била изречена од судија во Москва сред бран протести од целиот свет. Подржувачите и активистите на опозицијата го обвинија Владимир Путин за целиот случај против жените и за строгата казна.

„Што ќе посака Путин, тоа и го добива“ изјавил сопругот на Толоконикова, Пјотор Верзилов, напуштајќи го судот. Стотици луѓе, многу од нив со маици на Pussy Riot, се собрале пред судницата во знак на протест против пресудата. „Се обидуваме да останеме мирни“ рекла Маја Трапезникова. „Но многумина стигнаа до крајот на трпението и само чекаат на наредба за борба“ додала таа говорејќи за растечкото движење против Путин.

Судијата во пресудата рекла дека членовите на бендот „извршиле хулиганизам поттикнат од религиозна омраза“ навредувајќи ги верниците. Триото биле уапсени во март по герила настап во главната катедрала во Москва во кој побараа од Богородица да ја заштити Русија од Владимир Путин, кој две недели подоцна беше избран за уште еден претседателски мандат.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст

Руската полиција уапсила дел од подржувачи на бендот, вклучувајќи го и поранешниот шампион во шах Гари Каспаров и лидерот на опозицијата Сергеј Удалтсов. Стотици подржувачи на Pussy Riot ја исполниле улицата пред судот викајќи „Русија без Путин!“ опкружени со полиција.

Случајот привлече меѓународно внимание за рсуката интолеранција и го покажува големото влијание на Руската Православна Црква. Иако црквата и државата се формално одделни, црквата се гледа себеси како срцето на рускиот национален идентитет и критиците посочуваат дека нејзиното влијание ја прави квази државна установа.

Пол Мекартни, Мадона и Бјорк се само дел од познатите личности кои побарале ослободување на бендот а во времето на пресудата имаше закажано протести во десетици градови во целиот свет.

Случајот е врв на неколку закони чија единствена цел е уништување на опозицијата, меѓу нив и закон кој ја зголемува казната за учествување во неодобрени демонстрации 150 пати на 300.000 рубљи (околу 468.000 денари). Друг закон предвидува невладините организации кои имаат и делумно политички активности и се финансирани од странство да бидат регистрирани како „странски агенти“. [Russian punk band is sentenced to 2 years for anti-Putin protest]

- Реклама -