Шеесет години од легендарната руска Волга

volga1

Во октомври 1956 година, во Горковската фабрика за автомобили биле произведени првите три примероци од седанот ГАЗ-21 Волга. Иако со статус сериски примероци, споменатите три Волга, се јавуваат нешто како експериментална серија.

До крајот на годината ГАЗ прави уште пет возила, а вистинското масовно производство започнува во пролетта следната година. Во есента и зимата на 1956 и 1957 година споменатите осум примероци изминуваат 29.000 километри во форма на тестови по патиштата на Русија, Прибалтикот, Украина, Белорусија и Кавказ. Серијата во 1957 е со мотори со долна брегаста оска, кои пред почетокот на продажбата се подложени на модернизација. За сметка на зголемување на дијаметарот на цилиндрите до 88 mm и работниот волумен е поголем. Така тој станува 2,42 литри, а моќта изнесува 65 коњски сили.

Уште нешто интересно е дека првите примероци се опремени со диференцијал од ГАЗ-69, но со променет преносен број. Главната карактеристика на првата серија произведена до 1958 година во 30.000 примероци, е карактеристична маска со ѕвезда.

Инаку моделот ГАЗ-21 се произведува до 1970 година. Потоа, до 2009 година, името Волга се става на сите автомобили произведени од ГАЗ.

- Реклама -