Замисли да возиш ракета по земја со 300 км/ч и на тесна кривина да куцаш на лаптоп – тоа е прилично близу до тоа како изгледа управувањето на Формула 1 болид. Не само што се најбрзи автомобили на планетата, туку на воланот има копчиња за подесување на сите аспекти од болидот: баланс на кочниците, миксот на гориво, мапирање на моторот и други. Ова видео ги забележува сите комчиња што ги притиска Нико Розберг на болидот на Мерцедес, при најдобриот круг што му ја донесе пол позицијата на трката во Баку.