Париз 2016: Suzuki го обнови S-CROSS

suzuki

Suzuki има подготвено сериозна обнова за моделот S-CROSS кој дефилира под светлата на парискиот салон. Машината влегува во продажба од 17 октомври оваа година, а Јапонците си поставуваат за цел да продадат само 5.000 примероци до 2017 година.

Кои се визуелните промени? Кросоверот доби речиси целосно променета преден дел со доста карактеристична маска. Нови се и светлата кои можат да добијат целосно LED технологија во повисоките нивоа на опрема. Позади промените се минимални, а вклучуваат нова графика за стоп светлата, како и лесен редизајн на браникот.

Како основен мотор за моделот ќе се нуди 1.0-литарскиот турбо 3-цилиндерски агрегат кој го заменува 1.6 во компанијата. Јапонците тврдат дека малиот мотор е не само поекономичен, туку нуди и 9 проценти повисок вртежен момент во различните обртни опсези. Над овој мотор се позиционира 1.4 турбо со 140 КС и 220 Nm, а купувачите ќе можат да изберат исто така и 1.6 дизел со 120 КС.

- Реклама -