Првото Porsche со караванска каросерија ќе дебитира на салонот во Женева, во март следната година. Новиот модел ќе му конкурира на Mercedes-Benz CLS Shooting Brake и ќе личи на прототипот Panamera Sport Turismo прикажан во 2012 на салонот во Париз.
Технички детали за караванската изведба засега нема, но јасно е дека новината ќе биде изградена врз втората генерација на Panamera, претставена во текот на летово. Таа е изградена на платформата MSB, на која се базирани новото Audi Q7 и првиот теренец во историјата на Bentley, моделот Bentayga.
Втората генерација на Panamera е опремена со два бензински (V6 со 440 и V8 со 550 КС) и еден дизел мотор (V8, 422 „коњи“). Сите тие се комбинираат со осумстепена роботизирана менувачка кутија со две спојки PDK.