Работата која те цица, те моли да ѝ дадеш отказ!

mobing

Новите истражувања покажуваат – кога поголемиот дел од времето го поминуваме правејќи  нешто што не ни се допаѓа, тоа е лошо за нашето здравје.

Една нова студија ги потврди нашите сомнежи: луѓето кои седат на работното место и се преправаат дека обавуваат некоја значајна работа а всушност разгледуваат статии на интернет, треба да знаат –работата ги прави депресивни. Чаре? Отказ!

Тука завршува приказната.

Сега сериозно, истражувачите од  Државниот универзитет во Охајо, предводени од Џонатан Дирлам, кажаа: Да ги поминуваш дваесеттите и триесеттите години од животот работејќи ги работите што ги мразиш и едвај ги толерираш само поради платата, на подолг рок е катастрофално за менталното здравје. Во студијата се користени податоците на Националното лонгитудинално истражување за младите (NSLY), истото е во тек, а започна во далечната 1979 година. Според нив, Дирлам конструирал траектории на задоволство на работа на учесниците во истражувањето на возраст од 25 до 39 години (испитаниците за време на студијата секоја година ги прашувале: „Што мислите генерално за вашата работа“, а тие одговарале според вредностите на скалата).

Воочени биле четири траектории: група со висока оценка (овие луѓе постојано ја сакаат својата работа), група со оценки во опаѓање (овие луѓе ја сакале својата работа во почетокот, но потоа полека почнале да ја мразат), група со оценки во зголемување  и групата со ниска оценка (овие луѓе никогаш не пронашле работа која им се допаѓа).

Кога Дирлам ги анализирал различните траектории во споредба со NSLY прашањата во врска со менталното и физичкото здравје, тој открил дека кај луѓето со ниска оценка ризикот од анксиозност, депресија и проблеми со спиењето се зголемува до нивните четириесетти. Ова има смисол: ако поголемиот дел од денот го поминуваш правејќи нешто што не ти се допаѓа, ќе се чувствуваш прилично лошо. Доколку постои и најмала врска помеѓу омраза спрема работата и нарушувањето на физичкото здравје, Дирлам вели дека овој ментален стрес веројатно би „можел да послужи како причина за физички здравствени проблеми во иднина“.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Лошо е што повеќето луѓе не се задоволни со својата работа: преку 44 отсто од вкупниот примерок на истражувањето и’ припаѓа на групата која не е нешто многу задоволна, а 23,5 отсто се оние што се сосема незадоволни. Само 31,7 отсто од граѓаните се задоволни со својата работа.

Теоријата на Дирлам е дека незадоволството од работата на работниците е последица на депресивната состојба на нашиот пазар на трудот: ниски плати, несигурност за зачувување на работното место, роботика…

„Нашата анализа е завршена на почетокот на 2000-тите, пред големата рецесија да ја зголеми несигурноста на работните места и незадоволството“, пишува тој. „Новите податоци би можеле да покажат уште понегативен тренд во однос на задоволството на работа, што би можело да има дури и полоши последици за здравјето“.

Мрачно! Ова укажува на тоа дека решението не е во тоа едноставно да дадеш отказ од работата што не ти се допаѓа и да најдеш нова работа: луѓето се чувствуваат погребани и без други опции.

Ако поради состојбите со работа во САД луѓето буквално се разболуваат, можеби е неопходен сеопфатен пристап. Можеби е време кога условите за работа треба да ги гледаме  како фактор на општото здравје, нешто што несомнено го подига нивото на стресот и анксиозноста кај луѓето, а голем број истражувања покажа дека и двата фактори се од витално значење за нашето здравје.

Не треба да чекаме роботите да нè направат бескорисни па да ја примениме таквата политика, иако тоа би можело да се случи порано отколку што мислиме.

- Реклама -