Малата Panamera ќе биде базирана на Audi A6

0758b9bd-20b9-4e81-a306-909c622b7d7c_790[1]

Автомобилските папараци го снимија новиот модел на Porsche од средната класа за време на тестирањата во Јужна Европа. Камуфлираниот Pajun е маскиран како Panamera, но видливо е дека има пократко меѓуоскино растојание.

Иако сите информации за моделот на Porsche, претставник од средната класа, со име Pajun (од PAnamera JUNior) се кријат како „змија нозе“, сепак новинарите открија некои детали. Купето со пет врати ќе биде изградено на платформата на Audi A6 и ќе биде опремено со некои од шестцилиндерските мотори на инголштадската лимузина. Најмоќната верзија ќе има најмалку 500 КС.

ba24c9e6-f887-4d93-a33d-400f40c98aae[1]

Неодамна се појави информација дека во Porsche развиваат и електрична модификација на Pajun. Целта на Германците е да се подготват со соодветен одговор на конкурентот на Tesla Model 3, чие производство започнува следната година.

Автоплус

- Реклама -