Кога не се може на море, луѓе се снаоѓаат, па се сончаат и по дома, на балкон. Оваа Русинка од Новосибирск, меѓутоа, тоа го прави висејќи до половината преку прозор, секој ден од 10 до 13 часот. На соседите им е преку глава. Бизарната глетка е видлива и за малите деца што играат во областа (не е нагласено дали луѓето се бунат заради тоа што жената е само во бикини, или затоа што виси од прозор, или од двете).
Во обид да ја натераат жената да престане со екстремното сончање, соседите потпишаа петиција и ја испратија до управникот на зградата и до локалната полиција, но без успех.
Иако на фоткиве – што на интернет предизвикаа воглавно загриженост за безбедноста при ваквото сончање, се гледа само долната половина од телото на ексцентричната „сончателка“, сведоците велат дека подеднакво често може да се види и како го сонча горниот дел од телото, за да има израмнет тен.
Да, ситуацијата поставува пар етички и меѓусоседски прашања, но од друга страна, решението сигурно е едноставно: нека ѝ уплатат одмор.