Револуционерни повеќенасочни гуми за тие што не знаат да паркираат
Канадскиот камионџија Метју Лидјард е самостојниот изумител зад гумиве. На прототипот работел 8 години и на многу наврати морал да го доработува дизајнот.
Вели дека сега конечно работата му се исплати – овој последниов модел функционира совршено, а неговите нови гуми можат да се користат за сé што има тркала. Според него, дизајнирани се за сите временски и патни услови, посилни се, побрзи, поиздржливи и попрецизно контролирани од претходните концепти.
Човеков има аплицирано за патент во неколку земји, и чека одговор. Сите што ги познава се воодушевени од неговиот изум.