Subaru започнува со производство на SUV со седум седишта

Компанијата Subaru започна со производството на нов теренец со 7 места, кој ќе се нуди на почетокотсамо на пазарот во САД, а подоцна можеби и на некои други. Големиот SUV ќе се составува во фабриката на брендот во државата Индијана.

popup_493_Subaru-1000-1[1]

Идеолошки новиот модел со три реда седишта ќе стане наследник на Subaru Tribeca, кој беше запрен од производство во 2014 година. На стартот овој кросовер ќе доаѓа со 3,6-литарски бензински мотор кој развива моќност од 258 КЅ, а подоцна се размислува и за други опции.

Целта на новиот SUV е да ги задоволи потребите на клиентите на големи теренци, по што се специфични Американците, па затоа шансите  моделот да биде предложен на други пазари се илузорни. Се очекува машината да добие елементи од дизајнот на концептот VIZIV Future прикажан на автосалонот во Токио, минатата година.

Засега нема официјална информација за погонски агрегати на новиот модел, па ни за динамичките вредности. Најверојатно освен бензинската верзија тој ќе добие и хибридна варијанта, која ќе биде идентична со онаа на сериското Subaru XV, а миожеби и дизел, ако биде понуден на други пазари освен во САД.

Автоплус

- Реклама -