Храната станува сé поотровна

food

Во новиот извештај на Програмата на Обединетите нации за животна средина се истакнува дека полјоделските култури, особено пченицата и пченката, развиваат сé поголеми количина потенцијално токсични хемиски соединенија, а како главна причина се наведува самозаштитата од зачестените екстремни временски услови. Консумирање на овие токсини на подолг период, кај луѓето и животните кои ги консумираат се одразува со здравствени проблеми.

„Растенијата одговараат на условите на сушата и растот на температурите баш како што тоа го прават и луѓето кога се соочуваат со стресни ситуации“, објаснува Жалина Мекглејд – директор на одделението за рано предупредување и проценка при ОН.

Во нормални околности, растенијата ги претвораат апсорбираните нитрати во нутритивни аминокиселини и протеини, но долготрајните суши го успоруваат и спречуваат тој процес, што доведува до проблематична акумулација на нитрати во билките.

Растенија за кои се смета дека наталожуваат премногу нитрати во стресните периоди се: пченката, пченицата, јачменот, сојата, просото и шеќерната трска. Ако по долгиот период на суша се изложени на поголема количина на врнежи од дожд, дел од овие растенија испуштаат цијановодород – многу отровен гас, познат и како „пруска киселина“.

Растенијата како маниокот, ленот, пченката и шеќерната трска се најподложни на акумулација на цијановодород. Случаи на труење се забележани во Кенија и на Филипините.

Според официјалните податоци, околу 4.5 милијарди луѓе во земјите во развој се изложени на афлатоксини годишно, а тој број расте. Ако глобалната температура порасне за 2 степена Целзиусови, на ист ризик ќе биде изложена и Европа.

Научниците предложуваат развивање на семиња прилагодени за екстремни временски услови, со кои би се намалила количината на токсични хемикалии во храната, а светските агрикултурни институти веќе работат на развивање на такви семиња.

Само да потсетиме, под истиот изговор се развиваат и ГМО семињата. Исто така да не заборавиме, ова се важни времиња за односот на Европа кон ГМО.

- Реклама -