Tesla откри информации околу следниот родстер

popup_575_Tesla-1000-1[1]

Автомобилите на Tesla веќе се познати во целиот свет, но малку луѓе знаат кој е првиот модел на компанијата. Во 2007 година беше лансиран автомобил наречен Tesla Roadster изграден врз основа на Lotus Elise, кој се претвора во првиот сериски електричен спортски автомобил во светот.

713_Tesla-470-2[1]

Секако во моментов топ тема е следниот модел на компанијата, Model 3 и нејаснотиите околу стартот на производството поради извонредниот интерес, но Елон Маск не ја занемарува идејата за чист спортист, бидејќи во овој сегмент во последно време многу производители покажаа свои беспрекорни креации, а честа на Tesla треба да биде сочувана, смета нејзиниот основач и сосптвеник. Една од причините за занемарување на моделот Roadster беше и помпезниот блесок на Model S, кој докажа дека и електричните автомобили се брзи и тоа многу.

169_Tesla-470-3[1]

Според еден од менаџерите во компанијата ќе има нова генерација на Roadster, но ќе биде малку поинаква, многу побрза и поголема. Едно веќе сигурно е јасно, моделот нема да користи шасија на странска марка, а ќе биде изграден врз платформата на Model 3. Таа ќе овозможува и многу поголема креативност за дизајнот на возилото, а очекуваме тој да биде под влијание на другите модели на компанијата.

Автоплус

- Реклама -