Новото поколение на BMW 5 на готовс

1

Една од најголемите вести за оваа година од Минхен е секако премиерата на новата генерација на BMW 5. Моделот е веќе подготвен и официјално за јавноста ќе биде претставен во есента, на париското бианале.

2

На интернет просторот се појавија веќе шпионски фотографии од тестовите на луксузниот бизнис седан без премногу камуфлажа. Токму на база овие фотографии изданието BMW BLOG создаде компјутерска слика на возилото. Од ова може да се воочи дека дизајнерите позајмувале многу детали од новата генерација на лимузината BMW 7 на чија платформа ќе биде и изградена новата „петка“. На фотографијата е модификацијата 550i, што е опремена и со пакет M Sport.

3

Претходно се појавија тврдења дека во новата генерација на Серија 5 германската компанија ќе наметне поспортски дизајн, а тоа ќе биде нагласено кај верзијата Gran Turismo (GT), чиј актуелен дизајн беше оквалификуван од многумина како контроверзен.

4

Дали претставеното возило е блиску до реалниот модел ќе дозанаеме најдоцна до септември, кога ќе се одржи премиерата на BMW 5 (G30). Неколку месеци подоцна ќе видиме и модификација Touring, а во почетокот на 2017 година треба да биде прикажан моделот Gran Turismo (GT). Врвните спортски верзии на BMW M GmbH веројатно исто така ќе ги видиме следната година.

5

Автоплус

- Реклама -