Електричните автомобили значително ќе поевтинат?

popup_446_Elektrichni-1000-1

Од Volkswagen за изданието Autocar дадоа свое видување за иднината, односно анализа како е можно електричните возила да станат поевтини од оние со бензински и дизел мотори?! Тоа е сосема можно доколку започне нивно масовно производство од сите марки на гигантот.

popup_103_Elektrichni-1000-2

VW Group вложува сериозни напори за да ги избрише спомените од Дизелгејт и демонстрира посветеност при развојот на автомобили со алтернативен погон, кои ќе ја загадуваат доста помалку животната средина. Важен елемент во оваа стратегија е новата платформа на компанијата MEB, врз која ќе бидат изградени цело семејство електрични возила, кои треба да се појават на пазарот пред крајот на деценијата. Според официјалната информација од VW, компанијата планира да лансира 20 plug-in хибриди и електрични модели до 2020 година.

popup_554_Elektrichni-1000-3

Шефот на VW, Матијас Милер, веќе ги објави плановите на компанијата за целосно електричен семеен автомобил со максимална автономија од 500 километри со едно полнење на батеријата. Целосното полнење на батеријата ќе трае само 15 минути, но со оглед на нивото на развој на електрични возила, засега тоа е повеќе од „пуста желба“. Според Autocar, во блиска иднина електричниот Golf може да чини поевтино од истиот модел со мотор со внатрешно согорување. Тоа секако ќе се случи доколку има голема побарувачка за истиот, па би следело намалување на производствените трошоци и забрзување на развојот и истражувањето поврзани со моделот. На крајот на 2016 или почетокот на 2017 треба да се појави сериозно реновираниот e-Golf. Моделот ќе излезе на пазарот со нова батерија која обезбедува автономија од 300 километри. Сега во Европа e-Golf со едно полнење минува 190 километри, а во САД – 174 километри.

Прочитајте и:  Гугл развива софтвер кој ќе ви го „преземе“ воланот доколку лошо возите

popup_612_Elektrichni-1000-4 popup_551_Elektrichni-1000-5

Автоплус

- Реклама -