Пијаните возачи ќе се казнуваат со принудна работа во мртовечница

morgue

Тајландските власти планираат да ги казнуваат пијаните возачи со принудни часови на работа во болничките мртовечници, со цел поблиску и подобро да ја согледаат својата неодговорност и можните последици од возењето под дејство на алкохол.

Секоја година, во текот на традиционалниот еднонеделен одмор за Нова година, во Тајланд се случуваат голем број сообраќајни несреќи и има голем број жртви како последица на возачите кои од прослава се враќаат во пијана состојба. Земјата е на второ место по бројот на несреќи за време на празникот, во кои, во просек на секој час и нешто, гинат по две или три лица, а по нешто помалку од 160 завршуваат повредени.

„Возачите кои ќе бидат осудени на казна заради сообаќајна несреќа ќе бидат упатени на работа во болничките мртовечници“, потврдува тајландското официјално лице Кријангдеџ Џантаравонг. „Тоа е стратегија со цел таквите возачи да се исплашат дека следниот пат кога ќе седнат да возат во пијана состојба и самите можат да завршат на истото место. Мерката треба да ги одврати луѓето и да го обесхрабри таквото однесување“, смета Џантаравонг, притоа истакнувајќи дека таквата казна би имала поголем ефект за општеството отколку општествено-корисната работа во парковите и библиотеките. Според неговите зборови, казнетите возачи со тоа ќе ги увидат и „физичките и менталните последици“. „Во мртовечницата ќе работат на средување и транспорт на телата, со цел тоа подобро да го разберат и да станат посовесни возачи и побезбедно да возат“.

- Реклама -