Според плановите, германскиот компакт започнува да се производеува овој месец, а ќе се појави на пазарот во ноември.
Иако првото јавно појавување новата генерација на Голф ќе го има на салонот на автомобилите во Париз, кој започнува кон крајот на септември, неговото производство ќе започне уште овој месец, во фабриките на Фолксваген во Волфсбург и Цвикау, заради тоа што веќе во ноември треба да биде понуден на големите европски пазари.
Комплетната палета на мотори, која ќе се движи меѓу 1,2 и 2,0 литри, ќе биде со TSi и TDi технологии, односно со турбо компресор и директно вбризгување на горивото, а се очекуваат и три негови еколошки верзии, две хибридни (со бензински и дизел мотор) и една електрична.
Golf VII ќе биде вториот модел на Volkswagen групата поставен на новата флексибилна MQB платформа. Како што беше случај со сите досегашни генерации, и новиот Golf ќе има еволутивен дизајн.
Објавено во соработка со Авто Плус.