Станарите на зградава палат и гасат… светла.
Се работи за зграда во Пула, Хрватска, која на една минута беше претворена во спектакл за гледачите. Станарите ја рекреираа познатата игра Тетрис со неверојатно синхронизирано палење и гасење на светлата во домовите.
По спуштањето на последната фигура, публиката ги поздрави со овации од воодушевување.
Шоуто е организирано со цел промоција на Пула во трката за Европска престолнина на културата, чиј победник ќе биде прогласен во 2020 година.