Land Rover ја започна работата на обновувањето на најмоќниот свој модел, предводникот Range Rover Sport SVR. Се очекува Британците да го лансират моделот догодина.
Најверојатно, инженерите ќе го модифицираат 5,0-литарскиот V8 мотор на возилото, па тој да генерира моќност од 575 КЅ, колку што има и новиот Jaguar F-Type SVR прикажан во Женева. Благодарение на тоа, забрзувањето од мирување до 100 km/h ќе трае помалку од сегашните 4,5 секунди, а максималната брзина ќе биде над 250 km/h.
Очекуваме продажбата на моделот, кој ќe му конкурира на Bentley Bentayga за прекарот најбрз SUV на светот, да започне од средината на 2017 година.