Фолксваген го претстави новиот Golf GTI TCR

golf1

Германската компанија Volkswagen во рамките на прославата 40 години од создавањето на Golf GTI ја лансираше натпреварувачката верзија TCR.

golf2Автомобилот е развиен заеднички од Seat и Volkswagen Motorsport за натпреварувачки тимови кои учествуваат во TCR International Series. Автомобилот има аеро пакет со вентилирачки капак, испакнати калници и нови браници. Исто така им нови допусти и 18-инчни тркала. Сплитерот е карбонски, како и задното крило. Моторот е 2,0-литарски со 330 КЅ и турбо, а менувачот 6-брзински секвенционален. Времето на забрзување од од 0 до 100 km/h е 5,2 сек. Суспензијата може да се регулира, а управувањето е ревидирано, како и системот за сопирање.

golf3Овогодинешното производство на Golf GTI TCR веќе е распродадено.

Автоплус

- Реклама -