BMW се извини што го помагаше Хитлер

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Германскиот производител на автомобили BMW се извини за своето воено минато, и „со длабоко жалење“ призна дека компанијата ги снабдувала нацистите со возила и дека користела робовска работна сила. Така и беше, во производството на аеро-мотори, BMW користеше робови, осуденици и луѓе од логорите.

Признанието за улогата во помагањето на Хитлеровиот Трет рајх дојде во пакет со изнесената визија на BMW во поглед на новата ера во развојот на автомобилската индустрија, која ја соопшти по повод 100-годишнината од постоењето.

Во меѓувреме, околу илјада луѓе се собраа пред седиштето во Минхен, на свечената прослава на 100-годишнината од постоењето на „Баварската фабрика за мотори“.

5616200[1]
На тура низ фабриката на BMW во Минхен, 1935 година.
- Реклама -