Велосипедистите во Ротердам добија семафори со сензори за дожд

rotterdam-lights[1]

Надвор врне истура, а ти 2 минути чекаш на пешачки некој да ти застане. Во меѓувреме, во Ротердам, благодарение на сообраќајната култура, пешачкиот не е проблем – тие се занимаваат со семафорите.

Во Западна Европа, големите градови, полека но сигурно, се преориентираат во согласност со потребите на оние кои одбиваат да возат автомобили. Таков е и примерот на Ротердам и неговите семафори со сензори за дожд, кои во случај на врнежи им даваат предност на велосипедистите. Причината е токму таа мисла што ти минува низ главата додека киснеш на пешачкиот – дека овие со автомобиливе не наврнуваат и дека треба да имаат осет за тие што наврнуваат. Во случај на влага, времето на чекање на велосипедистите се намалува од 3 минути, на само 40 секунди.

Возењето велосипед веќе е еден од најдобрите начини на транспорт во Ротердам (вториот најголем, и најважен град во Холандија). Минатата година имаше 10-процентно зголемување на користењето на велосипед во градот. Новите семафори се само една од 40-те мерки имплементирани од локалната власт со цел да го охрабрат овој вид на транспорт, кој го намалува загадувањето и промовира здрави навики преку физичка активност.

- Реклама -