„Ракетата“ на Брабус стигна во Женева

Во Женева, Брабус претстави уште една ракета, овој пат основана на купе S-класа.

brab1

Наводно, постојат такви на кои стандардниот Mercedes S Coupe во S65 AMG изведба не им е доволен за да го задоволат апетитот, и покрај тоа што има 630 коњски сили и чини четвртина милион евра. За таквите, единствена алтернатива може да понуди само Brabus. Се работи за Rocket 900 Coupe, со карактеристичен дополнително зајакнат V12 мотор.

brab2
И тоа како зајакнат. Со зголемување на волуменот на 6.5 литри и два вградени потентни турбополначи, моќта е подигната на 662KW/900КС и вртежен момент на 1.500 Nm. Менувачот е автоматски, со седум брзини, а погонот останува на задните тркала, но сега со специјално применет LSD ограничен диференцијал – „limited-slip differential“.

brab3

Брзинометарот со врежани до 400 км/ч прави да биде јасно дека за ограничувачот на брзина од 250 км/ч, диктиран од бонтонот, овде нема место. Rocket 900 качува 100 км/ч за 3.7 секунди, 200 км/ч за 9.1 секунди, додека максималната брзина му е над 350 км/ч. Безмалку истите параметри важат и за Брабусовата ракета заснована на лимузинската изведба.

Кога станува збор за ентериерот, Брабус има што да каже. Кожа, кожа, и пак кожа, со малку алуминиум или племенито дрво. Не е лошо, нели?

Цената е непозната.

- Реклама -