Фрижидерите се срцето и олтарот на кујната. Целото скриено богатсво кое нашите животи и апетити секојдневно ги прави среќни и сити се наоѓа токму тука. Теглите ајвар од баба, киселите краставички, „кечамајонез“, и неопходните паштети за „прва помош“.
Со еден збор, нашиот најверен другар.
Белите сандаци на задоволствата радосно ни ги отвораат вратите во моментите на добро и зло, со залаците кои се секогаш спремни за подршка и утеха!
Пред некое време младите ги отворија вратите на нивните кујни и тоалети. Дојдоа на ред и фрижидерите.