Седанот Audi RS3 ќе има 400 коњски сили

Фотографии на новиот седан Audi RS3, направени за време на неговото претставување пред дилерите во САД, се појавија на интернет. Сликите беа објавени на Instagram од вработените на компанијата, кои подоцна ги повлекоа.

316_Audi-470-1[1]

Изданието Worldcarfans сепак успеа да „ги пресретне” и така да покаже што ќе претставува возилото. Фотките се само од предниот дел на спортскиот седан, кој очигледно има добиено нови фарови, како и маска на ладилникот во стилот на новите модели на марката. Според информациите под капакот на седанот Audi RS3 ќе биде поставен истиот мотор, на кој се потпира и набилданиот хечбек RS3 Sportback. Кај моделот со 2.5-литарскиот мотор  моќта ќе достигне 400 КС, додека кај хечбек таа е 367 КС. И двете верзии ќе добијат систем за погон на четири тркала quattro и 7-степен менувач S tronic.

Обновеното семејство Audi A3 ќе биде претставено за време на автосалонот во Париз на есен. Не е исклучено, сепак набилданата модификација да биде прикажана порано оваа година.

Автоплус

- Реклама -