Русите направија нова, извонредна играчка за големите деца наречени мажи. Патем, истата е веројатно и неприкосновен кандидат за најдобар камион на светот.
За него нема препрека. Лесно преминува преку пречки високи и до 70 сантиметри, може да плови, да се врти како тенк и да изгледа кул во секаква можна ситуација. „ШЕРП“ (SHERP ATV), креација на Алексеј Гарагашијан, може да се користи практично на секаков вид терен.
Го покренува дизел мотор од Kubota V1505, со 5 брзини и рачен менувач. Тежи само околу 1300 килограми, и иако има само 44.3 коњски сили, развива и до 45 км/ч на копно, 6 км/ч на вода (зависно од ветрот), а може и да „лази“ во прва брзина со 15 км/ч. Може да се сврти безмалку во рамките на својата должина, која пак изнесува 3.35 метри. Чини околу 50.000 долари.
Има обвивка од цврст полимер и резервоар за гориво од 58 литри, а големите гуми му овозможуваат да се движи по секаков терен. Еве како тоа изгледа: