Имам уште еден пар очила, но неможам да си ги најдам без очила, изјави Клоп на својот Твитер профил по натпреварот со Нориџ, кој го победија во последните секунди.
Ливерпул поведе со 1-0 со голот на Фирмино, па Нориџ се врати во живот, најпрво со 1-1 со прекрасната пета на Мбокани, па поведе дури и со 3-1, со головите на Неисмит и Хулахан. Ливерпул направи целосен пресврт од 55-тата до 75-тата, за да поведе со 4-3. Кога се чинеше дека ова ќе биде конечниот исход од натпреварот, Басонг израмни на 4-4 во 92-та минута. Суперинтересната завршница ја круниса Лалана со ждропката во 95-тата за конечни 4-5 за гостите.
Уживајте…
А по ваква луда завршница, што би можел да прави Клоп, освен ова…
That Celebration! PURE PASSION! pic.twitter.com/QCHtzVXq7J
— 8 Fact Football (@8Fact_Footballl) January 23, 2016