Архитектот Франциско Виеира де Кампос создаде хотел со 6 простории.
Убавата зграда го носи името “Каса де Рио” и е дел од винаријата Quinta Do Vallado во Португалија. Местото на хотелот е добро избрано – меѓу падините и лозјата.
Во непосредна близина тече река. Хотелот располага со заеднички дел за сите гости и камин – простор што обезбедува максимална релаксација, а исто така постои и мала кујна.
Секоја соба во хотелот има балкон и поглед кон лозјата и планините.
Гостите можат да се бањаат и во уникатен базен, со волшебна глетка што архитектот го има предвидено многу прецизно.