И не е сè така црно за Мурињо

José Mourinho

Капело, денеска е единствениот кој го разбра Мурињо.

„Мислам дека Мурињо е еден од најдобрите светски тренери. Сметам дека му беше тешко да го повтори успехот од минатата сезона, како и од првиот мандат. Тешко е кога морате да играте натпревар, а да гледате дека тоа не се истите играчи на кои претходно сте ги гледале. Тоа е навистина тешко. Јас го минав истиот период во Милан, и точно знам како му е.“

Инаку, моменталнава состојба на Мурињо и не е така црна, имајќи го пред вид фактот дека еден куп клубови чекаат на ред за да дојдат до неговите услуги.

Тука се Реал Мадрид (познавајќи ја желбата на Перез да го врати Мурињо во својот тим), Манчестер Јунајтед (Ван Гал и не им „залепи баш, нај нај“), ПСЖ, Интер и Порто (зошто не би се  вратил по одличните сезони?), па и Барен Минхен (Гвардиола веќе го најави своето заминување).

 

- Реклама -