И додека Кинезите се гушат, една канадска компанија профитира со полна плуќа.
Продажбата конзервираниот свеж воздух експлодираше далеку над сите очекувања, откако Пекинг и Кина за прв пат прогласија дека загадувањето достигнало ризик од највисок степен. Воздухот во Пекинг е полош од било кога, со ниво на PM2.5 честици што надминува 900 микрограми на метар кубен. Според Светската здравствена организација, безбедно ниво е до максимум 25 микрограми на метар кубен.
Vitality Air од Алберта постои нешто повеќе од една година, а сега активно пенетрира на кинескиот пазар. Харисон Ванг, компанискиот претставник за Кина, за MailOnline изјави дека морале да делуваат брзо: „Беше прилично лудо возење за нас, со оглед на тоа што почнавме да го нудиме нашиот продукт на пазарот пред нешто повеќе од месец и пол. Го ставивме вебсајтот во функција, а потоа го ставивме Vitality Air на Taobao – кинески вебсајт за онлајн продажба сличен на eBay – и ги продадовме сите количини речиси инстантно“.
Конзерва чини нешто повеќе од 30 долари, а првата пратка од 500 канистери се веќе распродадени. Побарувачката е голема, а компанијата се соочува со поплава од понуди за дистрибуција и други бизнис партнерства.
Истражувањата направени од Јос Леливелд, хемичар од германскиот институт Планк, сугерираат дека како последица на загадувањето, во Кина прерано умираат по 1.4 милиони луѓе годишно. Властите донесоа одлука за прекин на производството на одредени индустриски компании, основните училишта и градинките се охрабрени да престанат со работа, луѓето се советуваат да избегнуваат да излегуваат и ако веќе мораат, да користат јавен превоз, а во сообраќајот функционира врз принципот на пар-непар.