Мараја Кери по 12 години повторно на турнеја

Познатата пејачка Мараја Кери по 12 – годишна пауза повторно тргнува на турнеја. 

Таа на пролет ја започнува европската турнеја наречена „Sweet, sweet fantasy“, а првиот настап е на 15 март во Глазгов.

567

Потоа таа ќе патува низ цела Велика Британија – Лидс, Манчестер, Бирмингем, Кардиф и Лондон, а потоа ќе се преселат во континентална Европа.

Во април таа ќе има концерти во градовите Хелсинки, Минхен, Виена и Париз, а на 23 април ќе заврши со настап во Амстердам.

- Реклама -