Изведен првиот вселенски скок

Професионалниот австриски каскадер Феликс Баумгартнер е првиот човек што успешно изведе вселенски скок, од височина од 29 километри над површината на Земјата.

Скокот бил изведен над Розвел, Њу Мексико, градче најпознато по „појавата на вонземјани“ во педесеттите години од минатиот век. Таму, Феликс Баумгартнер бил подигнат со помош на балон на топол воздух, на височина од 29 километри, облечен во специјалниот костим за скок, заштитен во капсула.

На балонот му биле потребни 90 минути за да се искачи на посакуваната височина. Во тој момент, Баумгартнер скокнал. Првите 3 минути и 48 секунди ги поминал во слободен пад, забрзувајќи од 0 до 862 километри на час за само 25 секунди. Пет минути по скокот се отворил падобранот, по што му биле потребни уште десетина минути за безбедно да се спушти на површината од Земјата и успешно да го заврши првиот вселенски скок. [Skydiver Felix Baumgartner Completes 18 Mile Jump]

Прочитајте и:  Трамп не успеа да го види фаќањето на ракетата на SpaceX, таа се спушти во Индискиот океан
- Реклама -