Кој тип на вежби овозможуваат подолг живот?

Луѓето кои вежбаат сигурно се поздрави од оние кои не вежбаат, но дали тие всушност живеат подолго? Анализа објавена во Journal of Aging Research вели дека тие живеат подолго, во просек по четири години.

Но анализата наведува и до заклучок дека и типот на вежби влијае врз ова. Тим истражувачи предводен од Ен Рејмер собрал голема количина податоци од голем број претходни студии кои се фокусирале на врската помеѓу физичката активност и долгиот живот.

Интересно е што тие дошле до заклучок дека „физичката активност за време на слободнот време го продолжува животот поефективно од комплетната физичка активност“. Тоа значи дкеа луѓето кои одбрале да вежбаат во своето слободно време имаат поголема придобивка од оние кои мораат да вежбаат – на пример поради професијата.

Прочитајте и:  Животот на Земјата настанал 1.5 милијарди години порано отколку што се мислеше?

Единственото објаснување за овој заклучок би било дека луѓето кои вежбаат рекреативно имаат поголеми шанси за придржување до други здрави навики, како правилна исхрана, абстинирање од цигари и алкохол, „здрави навики“ кои Центарот за Контрола на Болести долго време ги фали за нивната способност за продолжување на животот.

Уште еден интересен резултат е дека „единаесет контролни студии за траењето на животот кај поранешни спортисти покажале подолг живот кај спортисти кои имаат аеробична издрлжливост споредено со другите спортисти.“ Со други зборови, трчањето на долги патеки е подобро за долг живот од кревање тегови.

- Реклама -