AskMen ја направија петта по ред годишна анкета на своите корисници, во која се опфатени преку 500.000 мажи од целиот свет. Во неа, покрај стандардните категории за најубави, најсекси и најпосакувани славни личности се најде и прашањето за кого веќе не сакаат да чујат ниту збор по медиумите.
Сосема очекувано, на врвот на листата на женски славни личности се најде жената која е позната по ништо друго освен својот аматерски порно филм, Ким Кардашијан. Запрепастувачки 62 проценти од мажите рекле дека не сакаат да чујат ниту збор повеќе за оваа „ѕвезда“. Втора на листата е уште една позната жена што иритира, но со својот глас, Ники Минаж, со 18 проценти „поддршка“. Потоа следуваат Џенифер Лопез со 9%, Кејт Мидлтон со 6%, Софија Вергара со 3% и Кејт Аптон со 2%.
Кога станува збор за машки славни личности што мажите не можат веќе да ги поднесат, воопшто не е изненадување што на врвот на листата се најде „големиот“ Џастин Бибер со 67% од гласовите. Второто место го поделија Леброн Џејмс и момчето на Ким Кардашијан, Канје Вест, со по 10%. На крајот од листата се најдоа претседателските кандидати за следните избори во Америка, актуелниот претседател Барак Обама со 8% и неговиот противкандидат Мит Ромни со 5%.