Ким Кардашијан и Канје Вест
Кардашијан, која моментно е во врска со раперот Канје Вест, со јавноста ги сподели своите мисли за љубовта и можноста за трет брак. Таа призна дека иако верува дека може да ја има венчавката од соништата, со Вест одат чекор по чекор.
– Отекогаш сум била личност која лесно се вљубува, а тоа се случувало со секое мое момче. Венчавките ги планирам со своја глава, а тоа ме научи да не брзам. Секогаш верував во љубовта и иако не секогаш сум имала среќа и понатаму верувам во тоа – рекла таа.
Таа неодамна истакна дека засега не размислува за свадба со Вест и дека одбива да зборува за својата врска за да ги избегне критиките од јавноста.
Нејзиниот поранешен сопруг тврди дека Ким го изневерувала со Канје за време на нивниот 72-дневен брак.