Зошто го сакаме грејпфрутот?

grejp3

Грејпфрутот навистина го намалува апетитот, но тоа е само една од неговите предности.

Освен тоа што има одличен вкус и го намалува нивото на холестеролот, тој го стимулира здравјето на кожата и прави многу други работи за кои сме му благодарни.
Доколку не ви се допаѓа вкусот на грејпфрутот, користете го во подготвување на сокови при што можете да додадете малку мед или друго овошје кое ќе го ублажи вкусот, а ќе ги сочува сите нутритивни супстанци корисни за здравјето.

grejp1

Грејпфрутот е богат извор на витаминот Ц (еден плод содржи повеќе од препорачаната дневна доза), а содржи и пектин кој го намалува холестеролот во крвта.

Жолтиот грејпфрут има помалку витамин Ц од розовиот и црвениот кој поради тоа што содржи флавоноиди (неутрализатори на супстанците кои го поттикнуваат развитокот на малигните клетки), е превенција од ракот.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Националната американска организација на хемичари го препорачува сокот од грејпфрут како задолжителен дел од појадокот бидејќи ова овошје е одлично превентивно средство против карциномот на белите дробови и дебелото црево.

грејп4

Најновите сознанија за грејпфрутот потврдуваат дека овој плод е особено ефикасен во борбата против вирусите и бактериите, па се препорачува во терапијата за грипот и настинките.

Од цветот на грејпфрутовото стебло се подготвува екстрактот кој ја лекува несоницата и потешкотиите предизвикани од заболувањата на желудникот и на срцето.

Најдобар избор е грејпфрутот со интензивна црвена боја бидејќи содржи највисоко ниво на антиоксиданси. Сепак, грејпфрутот може негативно да влијае на делувањето на некои лекови, поради што се препорачува за негово консумирање да се посоветувате со вашиот лекар.

grejp2

- Реклама -